Токму затоа и не очекува овој случај да има разрешница. Правен епилог, според него, може да има само доколку се донесе јавен обвинител врз кој не може да се врши притисок или пак, не се смени власта.

Објавил: Перо Милчин | 11 септември, 2019 21:26

ЗИЈАДИН СЕЛА ОТКРИВА: Во „Рекет„ има бомба и за Бујар Османи?

Фото/Текст извор: ©телма

Претседателот на Алијанса за Албанците вели дека има сознанија дека меѓу прислушуваните материјали од случајот „Рекет„ има бомба и за вицепремиерот Бујар Османи, пренесува Телма.

Токму затоа и не очекува овој случај да има разрешница. Правен епилог, според него, може да има само доколку се донесе јавен обвинител врз кој не може да се врши притисок или пак, не се смени власта.

Лидерот на Алијансата за Албанците предлага јавен обвинител странец, за никој да не се чувствува заштитен.

Остро реагираше за тоа што на синоќешната средба меѓу Заев и Мицкоски за законот за јавно обвинителство не беа поканети останатите партиски лидери. Долгите разговори беа епилог ги нарече театар за јавност, затоа што е убеден дека, СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ имаат договор да не се договорат.
Села им порача на партиите дека нема да гласа за закон што ќе го договорат самите, а на премиерот дека нема да ги добие нивните гласови бланко ниту за евентуален план Б, со кој би се обидел да постигне двотретинско мнозинство.

Со сличен став е и лидерот на БЕСА.
Вицепремиерот, пак, изјави дека тие не се дел од проблемот со СЈО.

Османи е оптимист дека состаноците помеѓу премиерот и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат и понатаму и дека не мора стриктно да значи дека рокот за договор е до 15 септември, туку дека треба да се постигне пред октомври.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести