Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, пристигна меѓу првите гости со сопругата, а за брзо пристигна и министерот за администрација Дамјан Манчевски

Објавил: admin@magazin | 21 мај, 2019 7:21

Зорица Заева и Радмила најглавни ВИП гости на свадбата на пратеникот Милевски!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Речиси целата влада присуствуваше на свадбата на пратеникот Горан Милевски од Битола. Тој стапи во брак со докторката Марина.

На свеченоста во Битола се појавија сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица, Радмила Шекеринска со сопругот Бобо, министерот за полиција Оливер Спасовски, Љупчо Никоовски, Фросина Ременски…

Горан Милевски е роден во Битола и има 40 години. Тој е дипломиран економист и магистер по бизнис администрација МБА – Менаџмент.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, пристигна меѓу првите ВИП гости заедно со својата сопруга, а за брзо време во ресторанот пристигна и министерот за администрација Дамјан Манчевски.

Со Манчевски заедно во салата влегоа министерот за земјоделие Љупчо Николовски и Фросина Ременски, потпретседател на Собранието. Свадбената делегација на ЛДП ја предводеше министерот Шапуриќ, а за се да биде во најдобар ред се погрижи директорот на “Пазари“, Владе Атанасовски.

На свадбата присуствуваше и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, пратеникот од турската партија Енес Ибрахим. Од СДСМ на свадбената церемонија беше присутен и  генералниот секретар, Александар Кирацовски, а меѓу поканетите беше и директорот на РЕК “Битола“, Васко Ковачевски, а дојдоа двајцата заедно со сопругите.

Тука беше и началникот на битолската полиција, Славко Јовановски со целото семејство, претседателот на Еурофарм Раборник, Зоран Стерјев со сопругата Татјана Стерјева- сопственик на веледрогеријата “Еурофарм“, градоначалниците на Центар и Штип, почесниот унгарски конзул-Сашо Јанакиевски со семејството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.