Газиводе не е само уште "една" хидроелектрана на Косово

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 август, 2018 8:05

Зошто”Газиводе” е српскиот адут на Косово

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во постојаното надигрување со лажни вести и дигање на тензии ова езеро со хидроелектраната има централно место. Зошто е толку важно Газиводе?

Газиводе практично стана збор на неделата во Србија заедно со драматичните предупредувања на српските власти и таблоидите дека се подготвува насилно преземање на стратешките енергетски објекти на северот на Косово.

Од најавената инвазија на крајот не испадна ништо но српските власти сепак одржаа и седница на Советот за национална безбедност. Шефот на канцеларијата за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ изјави дека црвените линии за Србија во енергетиката се Трепча – хидроелектраната Газиводе и трафо станицата Валач.

Газиводе често се споменуваат како мета на приштинските власти кои сакаат да ги вклучат во косовскиот енергетски систем. Тоа езеро и хидроцентралата како и трафо станицата Врач се клучни енергетски ресурси на северот на Косово во сопственот на српското Електростопанство.

Газиводе има приходи од десетина милиони евра годишно.

Дел од неговиот систем е и каналот Ибар Лепенец кој е витален за цело Косово,почнувајќи од снабдувањето со вода до наводнувањето и ладењето на Термоелектраната “Обилиќ”. Доколку едната страна ги запре славините – тоа практично би го парализирало енергетскиот систем на Косово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести