СДСМ и ДУИ преку видео спот за европска Македонија, директно не потсетија на војната 2001 година, атентатот на Глигоров, падот на Кингерот но и НАТО бомбардирањето на Белград

Објавил: Мартин Попоски | 24 септември, 2018 14:32

Зошто снимки од војната, атентатот на Глигоров и падот на Кингерот во спот за европска Македонија?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Многумина на социјалните мрежи и во јавноста коментрираат дека кампањата на владата за референдумот е морбидна.

Забелешките се дека масовно се злоупотребуваат малолетници, а воопшто не се говори за договорот. Сепак доколку подобро ги разгледате рекламите спотови ќе забележите дека во нив потенцијално се крие скриена подмолна порака која има за цел да ги исплаши граѓаните и политичките чинители во држвата.

Се работи за еден од најновите рекламни спотови за таканаречената кампања ,,За Европска Македонија” во кој се користа снимки од воените конфликти во Македонија, атентанти на претседатели и други трагични настани во 27 годишната историја на Македонија.

Снимка од падот на владимиот Кингер во кој животот го загуби претседателот Борис Трајковски, делегацијата и двајцата пилоти. Насловната фотогафија е од извршениот атентат врз претседателот Киро Глигоров.

СДСМ во рекламниот спот за Северна се користи со снимки од 2001 година и од случувањата во Диво Насеље, а имајќи ги во предвид изјавите на високи претставници на власта лесно можеме да дојдеме до заклучок дека ова е предупредување до граѓаните дека доколку не прифатат да го променат своето име во Македонија може да се повтори 2001.

Имено координаторот за НАТО и истакнат член на СДСМ, Стево Пендаровски како и советникот на Заев, Исмет Рамадани веќе се заканија со конфликт доколку во Македонија не успее референдумот.

Албанците ќе бидат коректни во целиот процес но ако не успее овој договор и ако ги загубиме сите шанси за НАТО и ЕУ, тогаш не гарантирам за коректноста на Албанците во нивното однесување понатаму. Ако не успееме да влеземе во НАТО и ЕУ може да се случи еден крстопат, нешто друго што нема врска со демократски процеси, евроатлански процеси. – изјави  Рамадани.

Покрај заканите до граѓаните за војна, во рекламниот спот за Северна има и снимки од атентатот на Глигоров како и смртта на Трајковски. Со оглед на тоа што Заев даде гаранции кај претседателот Иванов дека нема да го менува Уставот, овие сцени можат слободно да бидат протолкувани како закана до претседателот каква судбина го очекува доколку се реши да го блокира процесот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести