Министерот за надворешни работи ја искористи посетата на високата гостинка од Москва да ја критикува Македонија за ставот за Косово

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 август, 2018 7:54

Ивица Дачиќ ја обвини Македонија дека е лицемерна

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ ја обвини Македонија за лицемерие. 

“Ја отворивте Пандорината кутија и нема повеќе што да се говори за тоа. Како не ви е срам лицемери едни? Тоа важи и за Македонија. Го признавте Косово а сега кога мечката заигра во вашиот двор велите дека нема промена на границите.” – рече Дачиќ на заедничката прес конференција со портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова во Белград.

Дачиќ претходно изјави дека го поддржува залагањето на претседателот на Србија Александар Вучиќ за разграничување на Косово и дека смета дека тоа е единствено можно и брзо решение.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.