Македонската Асоцијација на Новинари избра нов претседател

Објавил: admin@magazin | 12 јули, 2018 9:25

Ивона Талевска е нов претседател на МАН

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

На вонредното Собрание на Македонската асоцијација на новинари МАН, кое се одржа денеска во хотелот Александар Палас, со апсолутно мнозинство беше прифатена оставката на досегашната претседателка Слаѓана Димишкова, а со еден глас против беше прифатена и оставката на досегашниот генерален секретар Драган Павловиќ Латас.

Со апсолутно мнозинство, присутните членови на МАН за нов претседател ја изгласаа Ивона Талевска, уредник во Сител, а за генерален секретар е избран Александар Михаилов, уредник во редакцијата Весник.

Членовите на Собранието ги разрешија досегашните потпретседатели и за нови се избрани Ѓорѓи Какашевски од Клип Медиа Груп Македонија и Цветин Чилиманов од МИА.

Членовите на Собранието ја усвоија и програмата за работа предложена од претседателот Ивона Талевска, која опфаќа:

– учество во носењето на законите од медиумската сфера,

– создавање единствен регистар на новинари при Агенцијата за медиуми,

– усвојување на кодексот за саморегулација на ИАБ Македонија и продлабочена соработка со самата организација,

– законска регулација на дигиталните медиуми,

– измени во Законот за аудиовизуелни услуги во делот за МРТВ,

– преговори со ЗНМ за прашања од заеднички интерес и друго.

Новиот претседател на МАН – Ивона Талевска

На Собранието на МАН, членовите дискутираа и како да се надминат проблемите во самите редакции, нивната правна и социјална сигурност, осигурување на терен, бенефициран стаж за вработените во медиумите, обезбедување мнаџерски договори, соработка со државните иституции и приватните компании и друго.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести