Лекари од Брзата помош го прегледаа Бојан Јовановски, па судењето продолжи.

Објавил: Весна Петровска | 3 декември, 2019 13:59

ИЗНЕМОШТЕН И БЛЕД: Живеев за овој ден – од камерата на моите родители ќе ви ПОКАЖАМ кој си замина со торбата и каде!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Бојан Јовановски денеска се најде пред обвинителната клупа во Кривичниот суд.

Првото рочиште се оддржа денеска кое се уште трае, почетокот на судењето се пролонгира за 45 минути подоцна проади тоа што доцнеше првоосомничениот Бојан ЈОвановски.

Тој во судницата изјави дека не се чувствува добро и дека не знае дали може да го издржи судењето.

Лекари од Брзата помош го прегледаа Бојан Јовановски, па судењето продолжи.

На прашањто кое беше упатено до Зоран Милевски дали се чуствува виновен за обвинението тој потврди и изјави дека е свесен за вината.

На истово прашање Бојан и Катица одоговориле дека не чувствуваат никаква вина.

Боки 13 на судењето за Рекет изјави: „Живеев за денот кога ќе дојде моментот да можам да зборувам, зошто сум мета на јавен линч веќе 5 месеци”.

Тој рече дека колку што седел во ресторан со ексшефицата на СЈО Катица Јанева, исто толку пати седел во ресторан и со надлежниот јавен обвинител, мислејќи на обвинителката Вилма Русковска.

Тој го нарече „Рекет“ несреќно наречен случај, бидејќи преку предметот се играле валкани политички игри, на негови плеќи.

„Од кривично правен случај се претвори во случај на сензација. Мојот и животот на членивите на моето семејство беа загрозени, се уништи еден медиум. Станува збор за бедна конструкција на предмет оти синот на второобвинетата беше вработен во 1ТВ“, рече Јовановски пред судот и ја повика на помош меѓународната заедница.

„Вештачењето на камерата од моите родители ќе покаже кој замина со торбата и каде“, рече Јовановски.

Неговиот адвокат Сашо Дуковски рече дека нема никакви релевантни докази за делата за кои се товари неговиот клиент.

„Ако судот на збор му верува на сведок за дадени пари, тоа е премалку“, рече тој.

Според Дуковски, на Боки 13 му биле одземени 71 огромни вреќи со гардероба, со образложение дека таа била купена во периодот ноември 2018 – април 2019.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести