Прашањето (кое во суштина е реторичко) е дали треба итно да поднесе оставка од претседателската позиција во партијата, или чесните во СДСМ сепак не се срамат од ваков човек?“, напиша Илиевски.

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 февруари, 2020 13:50

ИЛИЕВСКИ: Дали СДСМ не се срамат од ваков човек- Монструозно, позади завеси нарачувал обвиненија и пресуди

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денеска од седиштето на својата партија објави аудио-снимка за како што тој тврди, екс-премиерот Зоран Заев. Како што додаде Милошоски, Заев не само што бил премиер, туку бил врховен судија и специјален обвинител.

По објавената снимка од страна на Антонио Милошоски на денешната прес конференција, Богдан Илиевски на социјалните мрежи напиша:

„Пред јавност се ужасуваше од неправди, маршираше за правда и обвинуваше дека друг контролирал суд. Позади завеси нарачувал обвиненија и пресуди и наредувал на судии и обвинители. Монструозно.
Прашањето (кое во суштина е реторичко) е дали треба итно да поднесе оставка од претседателската позиција во партијата, или чесните во СДСМ сепак не се срамат од ваков човек?“, напиша Илиевски.

Заев договарал одлуки со врховниот суд, бил во тесна врска со Катица Јанева. Таа не можела без него да одлучува самоволно. Јанева и Заев биле во тесна координација за случајот Рекет, ова го изјави на денешната прес конференција пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Според него, по ваков материјал Заев треба да биде приведен или викнат на распит.
„Заев и Јанева биле во содејство на блиски соработници за секоја нејзина одлука. Тој бил и Врховен судија и специјален обвинител“, тврди пратеникот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...