Посетата на претседателот на Албанија, Илир Мета би имала приватен карактер ако Спасовски не знаеше за неа и ако Асаф Адеми не оствареше официјална средба во Битола

Објавил: Мартин Попоски | 19 ноември, 2018 6:43

Илир Мета два дена „летал орли“ во Битола

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на Република Албанија Илир Мета два дена бил во посета на Битола по повод 110-годишнината од албанската азбука, а македонските национални и локалните медиуми не беа известени за настанот.

За посетата на Мета новинарите од Битола дознаа од социјалните мрежи, откако претседателот на Албанија на својата фејсбук страница објави фотографии од неговата посета на Музејот на албанската азбука во Битола, како и на селото Меџитлија каде се сретна со жителите.

Тој се слика и покрај чешма со прочуената кисела вода во Пелагонија.

Македонската граница наликува на швајцарско сирење. Поранешни премиери бегаат, актуелни претседатели на туѓи држави чествуваат празници и организираат посети на населени места без знаење на јавноста а со одобрение на МВР.

Под објавените фотографии напишал дека заедно со албанските жители „ја делиме желбата дека подобри времиња доаѓаат за нив, со новите изгледи за членство во НАТО на Македонија и преговорите за ЕУ следната година“.

Протоколот беше на високите гости од Албанија и ние не можевме да се мешаме, носеа новинари од Албанија. Претседателот на Албанија го посети Музејот на албанската азбука во Битола, вечерта присуствуваше на концерт во Центарот за култура, синоќа преспа тука, а потоа беше во Меџитлија. – рече Нуер Арслани, директор на Музејот во Битола.

Новинарите од Битола не знаеја дека толку висок политичар е во посета на градот, па претпоставуваат дека најверојатно не беа ни известени за да не се поставуваат прашања.

Деновиве, дел од македонските портали и телевизии повикувајќи се на медиумите од Албaнија, пишуваа за наводна можна замешаност на албанскиот претседател Илир Мета, но и албански бизнисмен кој има бизниси и во Македонија во бегството на осудениот пратеник и поранешен премиерот Никола Груевски преку Албанија во Црна Гора до Унгарија.

Дека претседателот на Албанија присуствуваше во Битолскиот Регион потврда имаме и од битолската полиција. 

Мета по Битола го посетил и селото Наколец, преспанско.

Од Министерството за култура сооштија дека со Мета се сретнал и министерто Асаф Адеми, кој бил во работна посета на Битола.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести