Како што прнесуваат странските медиуми, иранската армија денеска ги предупреди САД дека најмалиот напад врз територијата на Иран ќе има катастрофални последици за американските интереси во регионот.

Објавил: Весна Петровска | 22 јуни, 2019 14:55

Ирански генерал испрати жестока порака: Еден куршум кон мојата земја ќе предизвика пожар на американските интереси

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

По повлекувањето на нападот на Трамп во последната минута против Иран за малку ќе предизвикаше речиси Трета светска војна, Иран испрати предупредување до САД.

Како што прнесуваат странските медиуми, иранската армија денеска ги предупреди САД дека најмалиот напад врз територијата на Иран ќе има катастрофални последици за американските интереси во регионот.

-Испукување на еден куршум кон Иран ќе предизвика пожар за интересите на Америка и нејзините сојузници, изјави бригадниот генерал Аболфазл Шекарчи, портпарол на Генералштабот на обединетите ирански вооружени сили. -Ако непријателот, особено Америка и нејзините сојузници во регионот, направат грешка и испукаат куршум на бурето барут на кое се наоѓа Америка, тогаш ќе се запалат нејзините интереси, рече иранскиот генерал, додавајќи дека целта на „непријателот”, особено Израел, е да го разоружа Иран.

Трамп вчера рече дека во последен момент се откажал од воздушните напади врз Иран за да се избегнат човечки жртви, но се закани дека ќе му се одмазди на Техеран, кој ден претходно собори американско беспилотно летало.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести