Во писмото испратено до генералниот секретар на ОН и Советот за безбедност, Раванчи посочува дека неговата земја целосно ја почитува независноста, суверенитетот, единството и територијалниот интегритет на Република Ирак.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 јануари, 2020 10:24

Иран не сака војна, целта била одмазда за смртта на Сулејмани

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Нова Македонија

Маџид Тахт Раванчи, постојаниот претставник на Иран во ОН, денеска изјави дека Иран не сака војна. Тој потенцираше дека неговата земја единствено сакала да ја заврши одмаздата за Сулејмани. Маџид истакна дека Иран повеќе нема да презема никакви воени активности кој ќе наведат до војна.

– Сите наши активности беа пропорционални со убиството на Касим Сулејмани. Тие завршија. Ако САД повеќе не преземаат воени активности против Иран, тогаш ние нема да преземаме вакви активности – вели тој.

Американската армија потврди дека Иран нападнал воени бази во Ирак во кои се сместени војници на САД. Нападите се извршени со проектили „земја-земја”.

Во писмото испратено до генералниот секретар на ОН и Советот за безбедност, Раванчи посочува дека неговата земја целосно ја почитува независноста, суверенитетот, единството и територијалниот интегритет на Република Ирак.

– Иран е посветен на одржување на мирот и меѓународната безбедност и не бара ескалација или војна – додава Раванчи.

Иран вчера испали над 20 балистички проектили кон две воени бази во Ирак во кои се наоѓаат американски војници. Сепак, овој напад не е изненадување, бидејќи Иран вети „жестока одмазда“ за убиството на генералот Сулејмани,

Според првичните информации од Иран, во нападите настрадале 80 лица.

По целата ситуација се огласи и претседателот на САД, Доналд Трамп. Тој на својот Твитер профил напиша дека се е добро и Америка има најмоќна добро опремена војска.

„Се е добро! Ракети се истрелани од Иран врз две воени бази во Ирак. Сега се извршува проценка на жртви и штети. Досега, е добро! Имаме најмоќна и добро опремена војска насекаде во светот“, објави американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер, по нападот на Иран врз воени бази во Ирак во кои се сместени војници на САД. Нападите се извршени со проектили „земја-земја”. Станува збор за најмалку две воени бази и за повеќе од 12 проектили. Нападите на воените бази се случуваат откако во петокот САД со дрон го убија иранскиот генерал Сулејмани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.