,,Јас не барав ништо за мене, барав воопшто за сите граѓани на државата, а сега да кажам за господата на сликавата“-додава Исени.

Објавил: admin@magazin | 23 април, 2019 0:11

Исеини разочаран од Кирацовски, го ШУТНА СДСМ и премина да работи во штабот на Блерим Река!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Џеват Исени функционер и ветеран на СДСМ кој е и претседател на одбор на директори на ПУИК, на социјалните мрежи напиша дека бил незадоволен од работата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски и дека поради тоа тој работел за кампањата на Блерим Река.

Џевад Исеини функционерот на СДСМ, напиша дека јавно се произнесол за Кирацовски кој е главен генерал на партијата, дека води погрешна политика на СДСМ.

Исеини вели дека долго време го вложувал целиот негов труд во партијата и придонесол за да се урне режимот и диктатура. Тој напиша дека на неколку средби и разговори во седиштето на СДСМ на одредени функционери им дал до знаење, дека на погрешна страна го водат орото.

Наспроти тоа што лидерот на СДСМ го информираа и го напојуваа со лажни информации и го тапкаа по рамо, никогаш нема да ја погазам неговата заслуга на меѓународно поле и успех за надворешната политика.
Меѓутоа, конечно дојде време да кажам дека јавно се спротиставував и критикував одредени функционери во раководството на СДСМ, кои секојдневно плачеа и кукаа зошто сум ги критикувал, бараа мое разрешување, но јас само едно барав .. професионален и соодветен кадар, и заштита на мојот народ и граѓаните на Република Северна Македонија, зошто препораката на лидерот од првиот ден беше таа“-вели Исени.

Тој вели дека албанското гласачко тело верувало во него, а очекувал дека Кирацовски ќе има cлyx и разбирање да посвети внимание на нивната застапеност во вработувањето, исто така го пpeдyпpeдyвaл и во однос на македонскиот (нe)квалитетен кадар и слично.

Тој вели дека на секоја негова забелешка Кирацовски му се изразувал со зборовите: Обрати се кај Зоран Заев и кај Оливер Спасовски зашто за тебе тие одлучуваат. Исеини не барал ништо за него, туку барал воопшто за сите граѓани на државата.

,,Ме почитуваа, ми ги отворија ширум вратите за консултации, за чесни разговори, интелектуалци и професионалци пред сѐ.
Достапни за секој граѓанин на РСМ, без разлика на вера, партија и националност, за соживот во државата, за професионалниот кадар, за вистинско општество, и затоа докажаа и докажавме со 80.000 гласови- СТОП да не манипулирате, СТОП за лажење на премиерот„ вели тој.

,,Јас секогаш сум истиот, транспарентен, борбен и несоборлив, немој да пробате да ме уценувате, туку отрезнете се од длабокиот сон, ова не е победа, вака, токму вака 2006 год. се изгубија изборите, а сега може слободно да ме разрешите, но со аргументи.

„Се надевам еднаш за секогаш треба да се искористи метлата.
Им се заблагодарувам на моите поддржувачи и активисти кои како и секогаш го слушнаа мојот глас“-пишува на ФБ Џеват Исени, кој е и претседател на одбор на директори на ПУИК„

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика