И медиуми и организаторот со реакции за лажното претставување на делегацијата "непознати" гости во организација на Мијалков, очекуваат да ги видат нивните семинарски

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 ноември, 2018 8:02

Исклучените од ВМРО – ДПМНЕ со студентски акредитации на Конгресот на ЕПП

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Иако неофицијално според лиферуваните информации на конгресот на ЕПП, ВМРО – ДПМНЕ беше претставувата од две делегации, официјално од организаторот потврдуваат нешто сосема друго.

Имено официјален гостин како член на ЕПП била делегацијата на ВМРО – ДПМНЕ, предводена од претседателот Христијан Мицкоски. ЕПП за таа цел и упати јавна благодарност за нивното залагање во полето на промовирање на идеолошките вредности на Европската народна партија.

Што беа другите?

Од извори од ЕПП во Хелсинки, Мијалков успеал да издејствува студентски акредитации за Богојоски, Тодоров и Александрова. Имено не е точна ни информацијата дека тие биле гости на настанот на лични покани од функционери на ЕПП како на работната сесија и нема гости, туку делегати кои гласаа за идниот кандидат за можен претседател на Европската комисија.

Исклучените од ВМРО – ДПМНЕ преку интензивно лобирање и спамирање со пораки од организаторот успеале да добијат покана како гости на Конгресот на ЕПП и да бидат меѓу 3.000 гости од кои најголем дел се студенти.

И медиумите во регионт објавија дека исклучените од ВМРО – ДПМНЕ, меѓу кои Никола Тодоров и Петар Богојески и пратеничката Александрова, преку буквално спамирање со огромен број пораки до надлежни во ЕПП обезбедиле студентски покани за да бидат меѓу 3.000 гости, од кои најголем дел се студенти коишто после Конгресот пишуваат блогови и семинарски трудови за нивни искуства од истиот.

Имено на Конгресот на ЕНП има 758 делегати, и 3.000 гости. ВМРО – ДПМНЕ официјално е претставена со четири делегати кои учествуваат во работниот дел на Конгресот со право на глас, а тоа се Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателот Александар Николоски, Меѓународниот Секретар Влатко Ѓорчев и Советникот за меѓународна политика Тимчо Муцунски. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести