По амандманите на Алијанса за Албанците, и пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зеќири бара да се образложи дека македонско државјанство не е етничка припадност

Објавил: Мартин Попоски | 18 декември, 2018 6:57

И Зеќири имам амандман за амандманите

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Уставните амандмани денес ќе се најдат пред Комисијата за уставни прашања.

Освен двата амандмани на Алијанса за Албанците, еден амандман достави и пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири.

Тој побара кај државјанството, освен зборовите македонско/граѓанин на Република Северна Македонија“ да се додадат зборовите “што не ја одредува или прејудицира етничката припадност на граѓаните“.

По стапувањето на сила на амандманот 33, државјанството ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија. – Закон за спроведување на уставните амандмани

Доколку се прифати амандманот, членот ќе изгледа вака.

По стапување на сила на амандманот 33, државјанството ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, што не ја одредува и не ја прејудицира етничката припадност на граѓаните.

Преку двата амандмани, Алијанса за Албанците предлага во Уставот терминот “македонски граѓани“ да се замени со терминот граѓани. Доколку биде одобрен амандманот на Алијанса, вториот член би изгледал вака:

По стапување на сила на амандманот 33, државјанството ќе биде граѓани на Република Северна Македонија. – Алијанса за Албанците.

Алијанса за Албанците исто така бара во Уставот, освен другите држави со кои се граничи Македонија, да се додаде и Република Косово.

По членот 1 се додава нов член, 1-а кој ќе следи; ЧЛЕН 1-А

Државните граници на Република Македонија се постојните  граници со Република Албанија, Република Бугарија, Република Грција, Република Србија и Република Косово. – Алијанса за Албанците.

Дебатата околу уставните амандмани може да трае најмногу три дена.

Потоа, дебатата за уставните амандмани ќе продолжи на пленарна седница на трето читање, која е закажана за 9 јануари, а гласањето за измените се очекува да биде на 15 јануари.

За усвојување на овие измени, потребно е двотретинско мнозинство од гласовите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести