Калајџиев смета дека аферата „Рекет“ е поврзана со преговорите за Законот за јавното обвинителство, односно дека доколку не се откриела оваа афера, веројатно до сега ќе бил решен и статусот на СЈО.

Објавил: Перо Милчин | 6 октомври, 2019 17:34

КАЛАЈЏИЕВ: „Аферата „Рекет“ е запрепастувачка шокантна и со разорнувачка моќ по правниот систем„

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

За жал меѓу политиката и правото се уште има испреплетени многу нишки – вели професорот на Правниот факултет во Скопје, Гордан Калајџиев во емисијата Детектор.

Во емисијата „Детектор“ на телевизија „Сител“ професорот Гордан Калајџиев рече дека сериозните истраги во случајот „Рекет“ се закочени од страв да не падне конкретната власт.

„ Бидејќи во моментов во Македонија мислам дека нема подготвеност не само за нови избори, туку и за техничка влада. Едноставно, мислам дека безбедносната ситуација која што им е интерес на меѓународната заедница на некој начин ги кочи или не дозволува да се расчисти Рекет. Бидејќи претпоставувам дека расчистувањето на Рекет ќе ја собори Владата“ – вели Калајџиев за Детектор

„Се уште не ми е јасно зошто судбината на СЈО се врзува со Катица Јанева. Зошто во Македонија не може да постои лице со интегритет кое што ќе дојде на нејзино место и зошто до денешен ден не е распишан конкурс за избор на нов специјален обвинител бидејќи законот важи“ – праша тој.

Не само институции, туку и шефот на СЈО и оттаму огромен шок во јавноста и домашна и странска. Власта не покажа дека е способна да се соочи со тоа вели Кајалџиев.

Случајот се развлекува опфаќа само некои од инволвираните иако е очигледно дека тоа оди подлабоко. За жал постапката трае долго и имаме недовршена постапка која остава впечаток дека правдата е селективна, рече Калајџиев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести