Тој посочи дека Катица Јанева и Боки 13 го рекетирале ама и дека не биле единствените во тоа. Камчев дека на обвинителната клупа треба да биде и обвинителката Лиле Стефанова како и братот адвокат на судијата Весна Димишкова за кого рече дека прв му побарал рекет од 100 илајди евра за да добие поблаги мерки за случајот Империја.

Објавил: Весна Петровска | 7 декември, 2019 10:59

Камчев: да сакав да поткупам судии ќе го сторев тоа уште на почетокот – Ја нагласува ли Камчев својата МОЌ во државата?

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

На вчерашното рочиште за случајот „Рекет“ сведочеше и бизнисменот Јордан Камчев, тој четири часа сведочеше против Бојан Јованвски познат како Боки 13 и екс специјалната обвинителка Катица Јанева. Интересни детали можеа да се слушнат на вчерашното рочиште, Камчев изјави дека е жртва и правдата ќе ја истера до крај, да сакал да рекетрира уште одамна ќе поткупел судии и ќе немало да има никаков процес против него.

Тој посочи дека Катица Јанева и Боки 13 го рекетирале ама и дека не биле единствените во тоа. Камчев дека на обвинителната клупа треба да биде и обвинителката Лиле Стефанова како и братот адвокат на судијата Весна Димишкова за кого рече дека прв му побарал рекет од 100 илајди евра за да добие поблаги мерки за случајот Империја.

– Не можам да ја обвинам Катица Јанева дека ми нудела спогодба кога не ми нудела, ми нудеше Бојан Јовановски а јас ја слушав Катица Јанева како што реков таа со него разговарала на телефон за работа што е невозможно да се изведе. Јас сум свесен, паметен човек, сфатив дека е игра помеѓу двајцата, но во обвинителство таа не ми нудеше лично, рече сведокот Орце Камчев.

 

Камчев по завршувањето на судењето даде изјава на новинарите и таму се појасни дека предметото на СЈО Империја е конструиран за да биде мета на Рекет.

-Сам сум слушал како таа (Катица Јанева, н.з.) давала наредби на Лиле Стефанова кои биле противзаконски. Зошто Лиле Стефанова не ја пријавила Катица Јанева кај Љубомир Јовески и зошто не го почитувала Законот за обвинителство? Ајде објаснете ми, доколку тие наредби на Катица Јанева биле противзаконски и ја присилувала Лиле Стефанова да го прави тоа што го правеше, зошто таа не ја пријавила до надлежниот обвинител дека имала притисок од Катица Јанева, рече Камчев и најави тужба против Лиле Стефанова.

Орце Камчев сведок за „Рекет“
ФОТО: DW

Исто така тој нагласи дека е жртва која се бори за правда во земјата.

– Јас сум жртва, со целиот процес, со целата изнуда која се правеше од оваа злосторничка група од Бојан Јовановски и Катица Јанева и другите, што ќе се докаже во подоцнежните процеси. Не само јас и други биле жртви, но јас се одважив да го кажам тоа јавно“, рече Камчев по рочиштето, додавајќи дека многу други функционери и директори биле жртви на Јовановски.

-Нема вмешано ниту еден политичар во мојот случај и не сум имал притисок од никој“, тврдеше бизнисменот.

Камчев сам ги направил снимките од предавањето на парите и телефонските разговори со Јовановски и Јанева, но не знае како тие завршиле во јавноста. Вели дека изворот треба да се бара „во кругот меѓу судот и обвинителството.

-Ова што го изјавувам е 100 посто вистина. Никого не заштитувам. Пробав да се изборам за правда во оваа држава. Тоа ми беше мисијата.

-Направив голема заслуга за оваа држава, еднаш засекогаш да се исчисти ова зло што постои. Да не ги етикетираме сите судии и обвинители, побара Камчев во изјавата пред новинарите по сведочењето.

Судењето за Рекет продолжува идната недела кога ќе сведочи сопругата на Камчев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести