Нашата 38-годишната македонска ѕвезда ја доби наградата за Најдобра етно нумера за песната „Ти не дојде“, од нејзиниот најнов албум „Извор“

Објавил: admin@magazin | 29 јануари, 2019 23:34

Каролина Гочева во Србија доби награда за најдобра етно нумера

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Каролина Гочева се закити со статуетка на првите регионални музички награди во Белград.

 Македонска ѕвезда Каролина Гочева ја доби наградата за Најдобра етно нумера за песната „Ти не дојде“, од нејзиниот најнов албум „Извор“.
Гочева ја изведе песната на големата сцена, која моментално се одржува во Штарк арената во Белград.

Каролина Гочева е македонска поп-пејачка, родена во Битола, која 2 пати ја претставуваше Македонија на Изборот за песна на Евровизија. Во 2002 година во Талин, Естонија, настапи со песната „Од нас зависи“ и се пласираше на 19 место.Во 2007 година во Хелсинки, Финска, настапи со песната „Мојот свет“, пласирајќи се како 9-та во полуфиналето, а како 14-та во финалето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.