Веста за моментално лошата состојба на Кајмакоски ни ја потврди и Васко Белески, човекот кој најголемиот дел од времето на X Faktor го помина токму со Даниел на поготовките во Белград.

Објавил: admin@magazin | 17 април, 2021 21:34

Кајмакоски во лоша состојба: Итно пренесен во болница по сомнежот дека неговата екс сопруга му дала кафе од кое му се слошило

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пејачот Даниел Кајмакоски вчера бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. На Кајмакоски му се слошило веднаш по средбата со поранешната сопруга Кристина, на која таа му дала кафе во кое тој се сомнева дека имало дрога.

Според сознанијата кој дојде Магазин, Кајмакоски бил на пат за Струга!

Тој вчера со екс сопругата се договорил да го види синчето кое живее во Тетово кај неговата Мајка Кристина (поранешна сопруга на Даниел). Бидејќи се рестораните затворени парот Даниел – Кристина решиле да се сретнат во парк во Тетово.

Кристина се јавила на некој телефон (Take- Away) сервис. Пијалокот кој го добил Кајмакоски бил “чуден” по што тој веднаш почуствувал гушење. Човекот ( Келнер) кој го донесол нспитокот се изгубил веднаш и невообичаено и дури не чекал за бакшиш.

Даниел наместо за Струга се враќа во Скопје и оди директно во Болница. Тој се сомнева дека нспитокот бил ” нарачан” од неговата поранешна сопруга. Кристина не беше достапна и неможевме да ја слушнеме нејзината верзија.

Веста за моментално лошата состојба на Кајмакоски ни ја потврди и Васко Белески, човекот кој најголемиот дел од времето на X Faktor го помина токму со Даниел на поготовките во Белград.

Веста за моментално лошата состојба на Кајмакоски ни ја потврди и Васко Белески, човекот кој најголемиот дел од времето на X Faktor го помина токму со Даниел на поготовките во Белград.

Неможам да верувам вели Белески, вчера се слушнав со Даниел пред да оди за Тетово, во шок сум. Издржи Даниел!

МВР објави дека 38 – годишник со иницијали (Д.К.) бил примен во болница и дека се работи на расчистување на случајот.

„Вчера во 13,00 часот во полициска станица Центар од Комплекс клиники ’Мајка Тереза’, било пријавено дека кај нив бил примен Д.К.(38) од Струга, по чие што кажување додека бил во парк во Тетово, заедно со неговата поранешна сопруга (25-годишна жена), таа му дала кафе во кое што, според пријавеното, биле ставени наркотични средства. Жената била повикана во полициска станица Тетово при што ги негирала тврдењата на пријавителот и изјавила дека имале средба со Д.К. за да го види своето дете, но воопшто не пиеле кафе. Додека траела средбата, според нејзино кажување, на Д.К. му се слошило, а таа за настанот го известила и Центарот за социјални работи. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во денешниот билтен од МВР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести