Од вчера во Приштина е тогашниот американски претседател Бил Клинтон, а по него пристигна и тогашната државна секретарка Медлин Олбрајт, кои во главиот град на Косово ќе добијат признанија.

Објавил: Весна Петровска | 12 јуни, 2019 13:12

Клинтон на прослава во Приштина

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Косово денеска од 11 часот на главниот плоштад во Приштина ќе одбележи 20 години од навлегувањето на НАТО-трупите, односно од „денот на ослободувањето на Косово од српската власт“.

Од вчера во Приштина е тогашниот американски претседател Бил Клинтон, а по него пристигна и тогашната државна секретарка Медлин Олбрајт, кои во главиот град на Косово ќе добијат признанија.

– Мислам дека цел свет може да го земе Косово како пример како тоа растеше и како живее во мир во своите соседи. Заслужува да биде дел од ЕУ и НАТО. Секогаш ќе бидат горд што бев претседател на САД кога ви беше потребен некој што ќе каже-нема веќе етничко чистење, нема веќе напуштање на татковината и убивање на невини цивили. Мора да постои начин – нагласи Клинтон во Приштина.

На денешен ден пред 20 години меѓународните трупи навлегоа на Косово, откако два дена претходно кај Куманово беше потпишана „Кумановската спогодба“, со што завршија бомбардирањата на НАТО врз тогашна СР Југославија

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.