Пронајдените предмети биле одземени и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 декември, 2020 9:38

Контролирани 18 пазари, на Бит Пазар пронајдени и одземени над 1000 парчиња пиротехника

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На 20.12.2020 во периодот од 10.00 до 16.00 часот, на подрачјето на СВР Скопје, беше спроведeна акцискa контрола, со цел спречување на трговија и употреба на пиротехнички средства.

Од страна на Единиците за внатрешни работи во соработка и содејство со Државниот пазарен инспекторат извршени се 10 контроли на пазари, додека самостојно се контролирани осум пазари. Воедно, извршени се контроли и на два парка, пет трговски центри, пет раскрсници и седум маркети, при што се пронајдени и одземени над 1000 парчиња пиротехнички средства, сите на Бит Пазар. 

Од преземените дополнителни мерки и активности на наведените локации, констатирани се вкупно 62 прекршока од Законот за заштита на населението од заразни болести.

Исто така денеска на Граничен премин Делчево, при влез во Република Македонија, полициски службеници извршиле преглед на багаж на П.П. од Битола, кој пеш ја поминувал границата, при што биле пронајдени 886 парчиња различни видови на пиротехнички средства.

Пронајдените предмети биле одземени и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести