Вкупно 21.225 случаеви се потврдени со Ковид-19 во Република Србија до 15 часот, 20 јули 2020 година. Од последниот извештај, тестирани се примероци од 8.349 лица, од кои 359 се позитивни, рече министерот за здравство Златибор Лончар, на прес-конференција на Кризниот штаб!
Во моментов има 190 пациенти приклучени на респиратори, додека 4.762 лица се хоспитализирани!
Меѓу хоспитализираните, имаме број на пациенти кои се осомничени и оние кои чекаат наодот. Во однос на старосната структура на починатиот, состојбата е ваква:
од 20 до 30 години – 0,7 проценти, 1,08% од 30 до 40 години, 8,40% од 40 до 50 години, 14,34% од 50 до 60 години, 28,67% од 60 до 70 години 27,96% од 70 до 80 години и 18,64% над 80 години.
Додека пак во Македонија, Гостивар по новозаразени е меѓу најбрзорастечките региони изминатиов период. По вкупно активно болни, со бројка над 200, е на петто место во Македонија, после Скопје, Куманово, Тетово и Штип.
Во последното деноноќие, според информациите од гостиварската епидемиолошка служба, потврдени се 12 новозаразени од Општина Гостивар и 2 од Општина Маврово Ростуше. Во текот на викендов пак, беа евидентирани вкупно 22 нови случаи, од кои скоро сите од гостиварската општина!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.