Дали сакате да се одречеме од тоа дека сме Македонци и зборуваме Македонски јазик?

Објавил: Владо Марин | 24 февруари, 2020 18:21

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ вие не сте патриоти, вие сте бандити!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на социјалните мрежи напиша дека нема да дозволи никој да и наштети на неговата земја, бидејќи Македонија е силна и економски стабилна држава и сите граѓани си ја чуствуваат како своја.

Доказ за тоа колку ние од СДСМ за овие 2.5 години власт сме сработиле, е антидржавната кампања на ДПМНЕ.

Кога губат практично на секое поле, ама баш на секое можно независно дали станува збор за плати, социјални трансфери, инвестиции, поддршка на компании, надворешна политика, реформи во правосудството, здравство, единственото нешто кое им остана како плодно поле во обид да засеат шупливо семе е да направат директна штета на државата, да го прекршат уставот глумејки патриотизам.

Не бе дпмне, не сте патриоти, бандити сте.

Не може ниту мене, со сигурност не на граѓаните да им докажете дека, сте вие најголемите македонци, патриоти кои ќе застанат на браникот на државата.
Како?
Со тоа што сакате да поништите Преспански договор?
Да се одречете од тоа дека сме Македонци и дека зборуваме Македонски јазик, вели Костадинов.

Да поништите договор кој значи пазар за македонските компании од 500 милиони потенцијални купувачи?

Да наштетите на нашето НАТО членство за да не ни биде државата доволно безбедна?

Да ги блокирате дотациите од ИПА фондовите за да можете овде р’шум да правите како што правевте 11 години?

Што толку ви згрешија граѓаните за ревносно да се борите против се што е во нивна корист?

Затоа што ве нарекуваат криминалци, бандити?
Ништо граѓаните не измислија, вие пљачкосувавте кај ќе стигнете, вие стававте жални врби во Вардар од 300 илјади евра, огради од 700 илјади евра, барокни фасади од 30 милиони евра….

Не можете да го победите СДСМ затоа што немате понуда, затоа што сте против напредокот на нашата држава, против жените, против младите, против пензионерите.

Единственото нешто кое го браневте ви е сопствената кожа од одговорноста која ви следи заради направените криминали и таа нема да ја успеете да ја одбраните.

На 12 Април огромното мнозинство граѓани ќе излезе на избори и силно ќе го порази последниот анти државен елемент во нашата држава, ВМРО ДПМНЕ.

Нема да дозволам со ништо да и наштетите на мојата Македонија, а мојата Македонија е Република Северна Македонија,силна, економски стабилна, просперитетна, земја која со гордост сите граѓани си ја чувствуваат како своја татковина, ако имате вие некоја друга, слободно кажете, добро е да се знае, пишува Костадинов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика