Станува збор за активист кој доаѓа од невладиниот граѓански сектор.

Објавил: admin@magazin | 23 мај, 2019 7:12

Кој е „НЕПОЗНАТИОТ“ советник на Стево Пендаровски?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Новиот избран советник на Пендаровски го носи името и презимето на најпознатиот македонски бодибилдер Тоше Зафиров. Кога претседателот Стево Пендаровски вчера ги објави имињата на советниците многумина се збунија за кого навистина станува збор.

Покрај познатите имињата на Александар Димитров, Беса Арифи, Денко Малевски, Мирјана Лазарова-Трајковска, Гоце Карајанов, Билјана Радева, Блерим Кољали, Билјана Мицевска и Катерина Цаневска, се најде и името на новиот советник на Пендаровски Тоше Зафиров.

Се работи за активист кој доаѓа од невладиниот граѓански сектор. Тој досега работел како програмски директор на Прогрес Институтот за социјална демократија. Покрај таа работа тој е и маркетинг консултант и член на Друштвото за македонско-шведско пријателство и соработка. Зафиров студирал односи со јавност и политички науки на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.

Стево Пендаровски е новоизбраниот претседател на Република Македонија, избран на претседателските избори во 2019, а како кандидат на СДСМ, на функцијата стапил на 12 мај 2019.

По занимање е професор и аналитичар. Тој е е доцент по меѓународна безбедност, надворешна политика и глобализација на факултетот за политички науки на универзитетот Американ Колеџ во Скопје и кандидат за претседател на Македонија на претседателските избори во 2014.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести