Кралското семејство е меѓу погодените. Имено, бидејќи пандемијата влијаеше на намалениот број туристи, кралското семејство остана со дупка во буџетот од над 20 милиони евра.

Објавил: Рејхан Бајрами | 19 мај, 2020 22:25

КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ИЗГУБИ НЕВЕРОЈАТНИ 20 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве за што се работи!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Велика Британија е една од државите што ја затвори земјата во март со наметнување рестриктивни мерки и ограничување на движењето на луѓето за да се спречи понатамошното ширење на коронавирусот.

Ова, се разбира, во голема мерка влијаеше на парите што доаѓаат од туризмот. Кралското семејство е меѓу погодените. Имено, бидејќи пандемијата влијаеше на намалениот број туристи, кралското семејство остана со дупка во буџетот од над 20 милиони евра.

Кралското семејство е меѓу погодените. Имено, бидејќи пандемијата влијаеше на намалениот број туристи, кралското семејство остана со дупка во буџетот од над 20 милиони евра.

Покрај загубата на пари, епидемијата на коронавирус целосно го наруши календарот на настани на кои кралицата Елизабета Втора требаше да присуствува до 2022 година.

– Не можеме да планираме ништо затоа што не знаеме што ќе се случи. Вирусот имал катаклизмичен ефект – вели неименуван извор за Сан. Според британскиот весник, кралското семејство заработило повеќе од 78 милиони евра од сувенири и продажба на билети.

Лорд Чембрлен Ерл Пил, инаку менаџер на кралскиот имот, предупреди дека приходите ќе паднат за околу една третина, односно повеќе од 20 милиони евра. Ваквиот развој на ситуацијата може да влијае на замрзнување на платите и постои можност некој да ја изгуби работата.

– Мора да претпоставиме дека ќе поминат неколку недели ако не и месеци пред да се вратиме на работа како порано. Без сомнение, тешки времиња нè чекаат и разбираме дека многумина од вас ќе бидат загрижени – се додава во пораката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.