Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, се исклучени седум возачи кои се движеле со поголема брзина, четири возачи кои возеле под дејство на алкохол, 10 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден возач почетник и 10 возила нерегистрирани.

Објавил: Весна Петровска | 29 октомври, 2019 18:57

КРВТА ЌЕ ВИ СЕ ЗАЛЕДИ: Страшна сообраќајка во Карпош – ИМА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Тројца се повредени во судир на џип и автомобил, денеска на булеварот Партизанска во Карпош 4, на семафорите од крстосницата со улицата Никола Парапунов, пред мостот „Обединети Нации“, дознава 24 Инфо.

Според очевидци, три лица биле однесени со возила на брза помош. Сообраќајката се случила кога џип „рејнџ ровер“ наводно поминал на црвено и удрил во „голф“ кој одлетал десетина метри и удрил во жардинера.

МВР ја информираше состојбата во текот на вчерашниот ден.

Според податоците на полицијата, еден возач на трактор загинал, еден возач на мотоцикл е тешко повреден, а девет лица се полесно повредени во шест од вкупно 14 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во седум сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, се исклучени седум возачи кои се движеле со поголема брзина, четири возачи кои возеле под дејство на алкохол, 10 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден возач почетник и 10 возила нерегистрирани.

За непрописно паркирање казнети се 57 возачи, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 65 возила.

Евидентирани се и 11 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, двајца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, цетири возачи за неправилно престројување, еден за неправилно престигнување, еден возач за некористење на заштитен шлем на вел со мотор, мопед и мотоцикл, 17 возачи за неносење сигурносен појас за време на управување моторни возила и 16 возачи за коирстење мобилен телефон за време на управување моторни возила.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести