Итна полициска мобилизација ?

Објавил: Узунов Бобан | 27 јули, 2019 20:50

Лидер: Се мобилизираат силни полициски сили-дали полицијата вечерва ќе влегува во СЈО ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Вечерва се мобилизираат големи полициски сили за претес на важна локација – дознава Лидер од полициски извори.

Како што неофицијално известува порталот, службениците се сомневаат дека вечерва ќе се влегува кај некоја позната личност поврзана со случајот “Рекет”.

Веста за мобилизација на полицијата доаѓа откако денеска медиумите открија дека шефицата на СЈО Катица Јанева, побарала форензичко бришење на сите компјутери во СЈО. 

Денеска беше објавено дека Kатица Јанева побарала од вработените во ИТ-секторот да спроведат т.н. „форензичко бришење“ на компјутерите во Специјалното јавно обвинителство, дознава „360 Степени“ од извори во СЈО. Наредбата од Јанева била дадено усно и, според изворите на „360 Степени“, веќе биле преземени подготвителни активности за да се спроведе. Постапката требало да ги опфати сите компјутери во ова обвинителство.

Барањето за бришење на компјутерите се случува во период во кој ОЈО за гонење организиран криминал и корупција води истрага во случајот „Рекет“ во кој засега не е осомничена, но е имплицирана и шефицата на СЈО, Катица Јанева.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести