Се надевам дека нема да ми замерите што зборувам на македонски. Во неколку наврати имам слушнато дека на Јелена Карлеуша ѝ е секси јазик - рече Лозано во својот говор.

Објавил: admin@magazin | 28 јануари, 2020 5:25

Лозано им ја „запуши„ устата на србите: Јас доаѓам од Македонија, не од “СЕВЕРНА”(видео)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Влатко Лозаноски вчера ја доби наградата за најдобра Поп-фолк нумера за песната “Мајко” на доделувањето на балканските музички награди MAC во Белград. Пред огромната публика во Белград, Влатко се обрати на македонски јазик и кажа дека доаѓа од Македонија, а не од “Северна„

Морам да го поправам Сале, тоа е Македонија, не е тој додаток што го кажа пред малку.

Вака нашиот македонски пејач Влатко Лозаноски реагираше на доделувањето на регионалните музички награди MAC кога Александар Цветковиќ-Сале од „Тропико бенд“ го најави нашиот пејач како талентирано момче од „Северна„ Македонија, пред да му го врачи признанието за најдобра поп-фолк нумера за неговиот хит-рефрен „Мајко“.

– Сакам да ги поздравам сите Македонци кои што ме поддржуваа повеќе од една деценија. Се надевам дека нема да ми замерите што зборувам на македонски. Во неколку наврати имам слушнато дека на Јелена Карлеуша ѝ е секси јазик – рече Лозано во својот говор.

На церемонијата беа доделени награди за придонес во музичката индустрија на регионално ниво во сите музички правци.
На црвениот тепих прошетаа повеќе од 400 познати лица од шест земји учеснички: Србија, Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија.

„MAC е единствено признание кое, освен што го покрива целиот регион, го носи искрениот вкус на публиката, без плеткање на професионалците или критичарите. Искрената лакмусова хартија на она што го сака публиката без какви било филтери“, вели Николина Пишек, која ќе биде една од водителките.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.