Тој изјави дека платежната агенција исплати близу 9 милиони евра на 15.208 лозари.

Објавил: Перо Милчин | 16 февруари, 2019 21:06

Лозарите ги добија субвенциите – исплатени 9 милиони евра

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството исплати 9 милиони евра за субвенции за одржување на лозови насади. Денеска ова во Струмица го изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, на работната средба со земјоделци од струмичкиот регион рече дека кон средината на следниот месец ќе започне исплатата на долгот, што го имаат дел од винарниците кои биле регистрирани во МЗШВ за откуп во периодот од 2014 до 2016 година, а не им го платиле откупеното грозје на лозарите.

Тој изјави дека платежната агенција исплати близу 9 милиони евра на 15.208 лозари.

„Како што ветивме, пред почетокот на новата производствена реколта, ден пред празникот Свети Трифун, Платежната агенција исплати близу 9 милиони евра на 15.208 лозари. Овие пари директно се враќаат кај лозарите, за да ги вложат во новото производство, за да произведат квалитетно грозје за производство на нашето познато македонско вино“, рече Николовски. 

Паралелно, Платежната агенција започнува со обработка на решенијата за исплата на дополнителната субвенција од 1 денари по килограм откупено грозје од винарниците за винско грозје од 2018, и истата ќе биде исплатена по обработката на решенијата.

Годинава е зголемена и поддршката за промоција на македонските вина на меѓународните саеми, а дополнително се воведува и мерката за евтина зелена нафта, преку која лозарите ќе добијат помош за порентабилно производство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести