Ова се случило во јануари, откако се вршел безбедносен преглед.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 март, 2019 22:33

Лозинките на Фејсбук корисници јавно изложени пред вработените во компанијата

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Корисниците на социјалната мрежа Фејсбук, се револтирани откако компанијата објави дека настанала грешка во нивната социјална мрежа, која предизвика лозинките на стотици милиони корисници да бидат видливи за вработените во компанијата но проблемот сега е решен.

Марк Закерберг го креирал Facebook во својата спална соба во Универзитетот Харвард

Ова се случило во јануари, откако се вршел безбедносен преглед. Тогаш вработените од компанијата додека вршеле преглед на социјалната мрежа, забележале дека лозинките се зачувани во читлив формат во однос на безбедносните процедури, но за среќа никогаш не биле видливи надвор од компанијата, пренесе Блумберг.
Повеќето засегнати профили користеле Фејсбук лајт верзија на апликацијата дизајнирана за пазари во развој.

Компанијата соопшти дека не пронашла докази дека тој пристап бил злоупотребен.

Инаку Фејсбук го доби своето име по документот „фејсбукс“ кој ги опишува членовите на универзитетската заедница, кој некои американски колеџи и подготвителни училишта го давале на новодојдените студенти, факултети и вработени како начин да се запознаат останатите луѓе на универзитетот.

Мрежата ја основал Марк Закерберг, заедно со Дастин Москович, Крис Хјус и Едуардо Саверин, додека бил студент на универзитетот Харвард. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Технологија

Овие автомобили и понатака се препознатливи за светската јавност, меѓутоа тие ја добија титулата за најгрди автомобили на сите времиња.

ТОП 10 – Најгрди автомобили на сите времиња

Со текот на сите овие години, патиштата забележаа дека некои автомобили што само дизајнерите...

Секоја зима, многу домаќинства од различни причини своите домови ги загреваат со печки на дрва, чиј чад претставува една од главните причини за зголемената загаденост на воздухот.

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ Секоја зима, многу...