МВР привело едно лице, кое признало дека за шест часа поминало 12 километри и оштетило 105 гранични камења кои ја обележувале границата помеѓу Македонија и Грција

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 ноември, 2018 7:12

Маж од битолско Гермијан, решил да “разграничи” со Грција

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Триесет и шестгодишниот Б. В., жител на битолското погранично село Гермијан, е фатен и приведен во полициска станица од страна на полицијата и на Регионалниот центар за гранични работи – Југ.

Осомничениот е приведен поради обвинение дека тој е сторителот на кривичното дело “оштетување на туѓи предмети“, со кое, на 23 ноември од 14 до 20 часот, испокршил и оштетил  и поместил 105 гранични меѓници.

Овој вандалски чин беше извршен на граниќната линија со Република Грција во должина од 12 километри од потегот на Меџитлија, па преку Кременица и се до Живојно.

Обвинетиот е сослушан и го признал делото, а во понатамошна постпка дали ќе бидат преземени мерки за заштита, одлучуваат Основното јавно обвинителство и Судот во Битола. 

Гермијан е погранично село со Република Грција и главно, тукашното население во граничниот појас отсекогаш ги напасувале говедата и овците. Барем досега, немало никакви инциденти, а за овој случај никој не сака ништо да зборува. Веројатно, сите се многу изнендаени, но и воздржани.

Сепак, тамошните жители го кажаа она за што останатите не сакаат да зборуваат и молчат.

Ние сме жители од село Гермијан и за границата слушнавме сношти од вестите и од вој гест сме многу изненадени. Досега немало никакви проблеми со никој. Не познаваме таква работа, да се тврди такво нешто е бадијала и глупава работа. Инаку, пограничната полиција е нонстоп на терен и како се случила оваа работа никој не знае. – рече Борче Ивановски, жител на Гермијан.

Барем засега, никој од локалните жители покрај границата не верува дека е возможно за само шест часа да се поминат 12 километри на граничниот појас и да се испокршат над сто гранични камења од едно лице, а при тоа, никој од граничната полиција со караули, видиковец и постојани патроли тоа да не го забележи ниту од македонска, ниту од грчка страна.

Инаку, најголемиот број од граничните камења се поставени пред сто години, по завршувањето на Првата светска војна и формирањето на Кралството на СХС.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести