Претседателот Сасоли потенцираше дека Европскиот парламент е посветен целосно на пристапниот процес за целиот Западен Балкан, и го оцени вклучувањето на земјите од регионот како историски исчекор за консолидацијата на ЕУ.

Објавил: Перо Милчин | 22 октомври, 2020 20:40

Македонија е подготвена да стане следната успешна приказна на проширувањето на ЕУ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Македонија е подготвена да стане следната успешна приказна на проширувањето на ЕУ.На средбата со претседателот на Европски парламент, Давид Сасоли, заеднички констатиравме дека во извештајот на Европската комисија за Северна Македонија за 2020 година е нотирана добра испорака на земјата на нејзините обврски од ЕУ агендата и дека таа е подготвена да продолжи со напредокот во целиот спектар на поглавјата на правото на ЕУ, со фокус на владеењето на правото, рече премиерот Зоран Заев!

Претседателот Сасоли потенцираше дека Европскиот парламент е посветен целосно на пристапниот процес за целиот Западен Балкан и го оцени вклучувањето на земјите од регионот како историски исчекор за консолидацијата на ЕУ.

Позитивните оценки во Извештајот на Европската комисија се уште една силна причина за спроведување на реформите и за успешна завршница на подготовките за првата меѓувладина конференција во декември.

Идентификуваните областите на кои им треба понатамошна работа, препораките и насоките, ќе бидат вклучени во нашата агенда за реформи, особено во клучните области на судските реформи и борбата против корупцијата и организираниот криминал, вели Заев!

На средбата со еврокомесарот Оливер Вархеји, како исклучително значаен го оценивме Економско-инвестицискиот пакет на ЕУ за Западен Балкан од 9 милијарди евра, наменет за поголемите инвестиции во инфраструктурата со регионално влијание и за економско закрепнување од последиците од пандемијата со КОВИД-19, потенцираше премиерот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести