Македонија ја нема ниту на агендата на Советот на Европската Унија. Во најавата за темите за кои ќе се зборува во Луксембург, нашата држава не е ни спомената. Не само Македонија, и проширувањето не е на ниту една точка од најавите за приоритетите на највисокото тело на Унијата.

Објавил: Весна Петровска | 14 октомври, 2019 15:13

Македонија никаде не е се споменува – ја нема ниту во агендата на ЕУ

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера беше на средба со претседателот Макрон, каде на средбата тема беше и  Македонија, но Макрон не попушти и не даде зелено светло за Македонија и Албанија за старт на преговорите со Европска Унија. За жал Македонија ја нема ниту на агендата на Советот на Европската Унија. Во најавата за темите за кои ќе се зборува во Луксембург, нашата држава не е ни спомената. Не само Македонија, и проширувањето не е на ниту една точка од најавите за приоритетите на највисокото тело на Унијата.

Сирија и Турција се на врвот на агендата, развојот на настаните и конфликтот меѓу овие две земји е главна тема на Советот. Унијата внимание ќе посвети на Брегзит, но и на Авганистан, Украина, Венецуела, како и на ситуацијата во Никарагва, Тајланд, Камерун и Босна и Херцеговина.

Македонија и Албанија не егзистираат никаде во официјалниот план за разгледување.

Фактот што во предвечерјето на средбата на највисоко ниво, проширувањето не е во план за разгледување, според познавачите, зборува за приоритетите на ЕУ, во кои очигледно, не е и проширувањето на границите на Унијата, пишува Алфа. 

В

Индикативен молк и по средбата Меркел и Макрон , каде и покрај најавите со ниту еден збор не се спомена Македонија. Ниту збор и за неколку пати најавениот пакет со Албанија. Лидерите на највлијателните земји во ЕУ воопшто, како поим, не го споменаа ни проширувањето.

 

И покрај се’, Заев останува оптимист за добивање датум за преговори. Франција, според него, не била против отпочнување преговори, само работеле на нова методологија .

„ Париз не е против нас, туку има многу легитимна намера да вгради нова методологија… Останувам оптимист заради тоа што ги имаме сите аргументи на светот да добиеме позитивна одлука од Европскиот совет. Не сакам ни да размислувам дали ќе добиеме датум“ – изјави Зоран Заев.

Ни недонесениот Закон за ЈО, кој ја определува судбината на девалвираното СЈО, за Заев не бил проблем, иако дипломатските брифинзи го посочија токму овој момент како главен проблем за официјален Париз. Првиот човек на Владата, со дипломатски вокабулар, избегна да одговори и дали недобивањето датум ќе значи предвремени парламентарни избори.

Контра позитивизмот на Заев се и најновите информации на влијателниот „Блумберг“, кој повикувајќи се на документи до кои дошле преку дипломатски канали, Франција е против каков било датум за формални преговори со Македонија и Албанија, пред ЕУ да го заврши ремонтот на својата „методологија.“

Со меморандумот што на 10 октомври го проследиле француски дипломати до другите влади на ЕУ, наведува „Блумберг“, Париз сака понатамошните разговори да бидат „постепени, поконкретни во придобивките што им ги носат на засегнатите земји и да бидат реверзибилни според ефективното, опипливо и оддржливо спроведување на реформите.“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести