Ана Дукоска е млада Македонка активен член на ОМД која успеа да ја поништи резолуцијата 602 која тврдеше дека Македонија е грчка

Објавил: Узунов Бобан | 11 јануари, 2019 9:48

Македонка ги победи Грците во САД

Фото/Текст извор: ©магазин

Преку посветено застапување на македонските национални интереси, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) успеа да ја поништи резолуцијата 602 поднесена на 1ви Август 2018 од страна на сенаторите Крис Марфи и Рон Џонсон во Комитетот за Надворешна Политика на американскиот Сенат.

Резолуцијата 602 преку интерпретација на сите неистомисленици на Преспанскиот Договор како анти-западно ориентирани активисти под про-руско влијание, кои одбија да го валидизираат насилието со глас „за“ на консултативиот и манипулативен референдум за промена на уставното име и идентитет на Република Македонија, имаше за цел да ја оправда меѓународната интервенција во спроведувањето на Преспанскиот Договор.

Преку повикување на основното човеково право на самоопределување и изнесување на факти кои го негираат и анулираат руското влијание во Македонија, ОМД на правен и дипломатски начин на застапување на националните интереси, успеа да издејствува поништување на резолуцијата 602, која имаше за цел да ја помогне присилната промена на уставното име на Република Македонија во Република Северна Македонија како безправна разрешница на 27-годишниот билатерален спор со Грција.

Дукоска со конкретни примери од македоснкиот Устав и иповикување на меѓународното право успеала да ја поништи спорната резолуција 602 (фото: umdiaspora.org)

Покрај резолуцијата 602, ОМД успеа да оствари победа и врз резолуцијата 804 која претставена на 22 Март 2018 година од страна на про-грчкиот конгресмен Каролин Маноли, бескомпромисно интервенираше промена на уставното име на Македонија во интерес на Грција со јавно тврдење дека „Македонија е, била и ќе остане грчка“.

Несогласувањето со резолуциите 602 и 804, ОМД, како и македонско-американската заедница, го изрази по правен и дипломатски пат на директни средби, проследување на официјални писма и телефонски разговори со сенаторите и нивните советници за надворешна политика, како и со членови на Претставничкиот Дом на САД, од страна на тимот на ОМД задолжен за застапување на интереси со седиште во Вашингтон.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести