Ципрас синоќа им се обрати на членовите на Комунистичката партија со цел да ги потсети дека преземањето на обврските од Преспанскиот договор не се ништо ново за грчката историја вели за Канал 5 историчарот Михајло Миновски.

Објавил: Узунов Бобан | 25 јануари, 2019 15:30

Македонка сум и верувам во грчката Комунистичка партија

Фото/Текст извор: ©магазин

Причината зошто Алексис Ципрас ја спомена Мирка Гинова во неговиот 70-минутен говор во грлкиот парламент е всушност ставовите на грчката комунистичка Партија за време на граѓанската војна во Грција. Токму Мирка Гинова ги претставува страдањата но и надежите на Македонците од Егејска Македонија. 

-Не сакам да се осврнам ниту на славомакедонскиот Буквар што комунистите го делеа во Ташкент на децата на славомакедонските борци на Демократската армија на Грција. Не сакам да се осврнам на 70.000 бегалци од Граѓанската војна кои грчката држава ги лиши од правото во 1983 да се вратат во нивната татковина. Ниту ќе се осврнам како на Славомакедонката Ирини Гини-Мирка Гинова, првата жена егзекутирана во Граѓанската војна, комунистка. Со овие грижи на совест што ги имате, да си се справите сами. Ќе говорам политички, нема да се осврнам на историјата на Комунистичката партија на Грција, порача Ципрас.

По ослободувањето на Грција во 1945 новата власт започнала да ги прогонува членовите на отпорот. Членовите на ЕЛАС биле масовно апсени, затворани и подложени на невидена тортура, а особено македонското население во Егејска Македонија било подложено на репресалии. Во 1945 година, Мирка Гинова се приклучила на Тајната ослободителна македонска организација (ТОМО) и при избувнувањето на Граѓанската војна во Грција учествувала во вооружените групи на Народноослободителниот фронт. За време на судењето, таа ја покажала сета своја храброст. Иако свесна за последиците, пред судот во своја одбрана изјавила:
“Mакедонка сум и верувам во грчката комунистичка партија, бидејќи само таа партија ги претставува желбите на луѓето во Грција и гарантира за Македонците еднакви права со сите други. Се борев против Германците … и сега сум горда дека умирам, бидејќи се борев против новите окупатори.”

Миновски вели дека Ципрас сака да им каже дека и други десничарски влади тоа истото го признале, па дури имале и конкретни обврски како што е издавањето на Абецедарот во 1925 година во Грција.

– Со тоа што Комунистичката партија е категорично против оваа спогодба , и ако е тоа така тие радикално отстапуваат од она што било нивна позиција кога се бореле за признавале македонското прашање и македонскиот народ . Мирка Гинова е репрезентативен пример и го изразува односот на Комунистичката партија кон македонското прашање, вели историчарот Михајло Миновски.

Грчкиот премиер, во неговиот 70минутен говор на расправата за ратификацијата на Договорот од Преспа упати остри критики и до останатите грчки партии кои што се против Договорот.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести