Заменик министерот за животна средина, Макрадули, смета дека има шуми кои се битни и кои "небитни" за природата?!

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 септември, 2018 10:25

Макрадули: Шумата што се сече на Водно не е битна за природата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заменикот министер за животна средина Јани Макрадули на дебатата организира од Град Скопје за гасоводот на Водно ги убедуваше екологистите дека шумата што се сече не е многу важна за природата.

Трасата поминува низ ниско стеблести шуми и низ шуми кои, според европската скала, имаат мало значење за природата. беше главниот аргумент на Макрадули наспроти контрааргументот дека со гасификацијата ќе се намали загадувањето на воздухот во главниот град.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, пак, ги убедуваше активистите за заштита на човековата околина дека трасата ќе се намали од 25 на 10 метри во широчина, а за сметка на местата каде што ќе се исечат дрвја, на други локации ќе се посадат пет пати повеќе стебла.

И неговиот колега од ресорот економија, Крешник Бектеши, се осврна на значењето на гасификацијата „за нашите компании да станат поконкурентни со тоа што ќе им овозможиме поевтина енергија“.

Од своја страна, граѓанските здруженија и иницијативи ја критикуваа Владата дека не го променила проектот на претходната власт што жестоко го напаѓаше пред изборите и за тоа што барa контрола од нив, а е глува за нивните забелешки.

Активистите потенцираа дека власта не сака да најде решение за нивните барања и дека тие ќе се врата пред багерите на Водно.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести