Имено, Весна неколку пати бегала од насилниот сопруг во сигурна куќа. Подоцна се развеле, а тој замина, по што Весна останала сама со децата.

Објавил: Весна Петровска | 23 мај, 2019 18:52

Мајка и нејзините ќерки близначки пронајдени мртви – полицијата сведоци на ужасна глетка

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Пронајдени мртви три тела во стан во Виена. Како што пишуваат тамошните медиуми, во станот живееле 45-годишната Весна со потекло од Србија и нејзините 18-годишни ќерки близначки.

Откако било пријавено во полиција од страна на пријателка дека мајката и деца долго време не ги видела ни чула.
Полицијата отишле на адресата па таму морале вратата да ја отвараат со помош на пожарникари кога отвориле глетката била стравична.
Близначките наводно биле со инвалидитет, а пронајдени се мртви на каучот. Иако засега нема траги од насилна смрт, полицијата и понатаму го истражува случајот, пишува ОЕ24.

Имено, Весна неколку пати бегала од насилниот сопруг во сигурна куќа. Подоцна се развеле, а тој замина, по што Весна останала сама со децата.

Соседите велат дека Весна М. била психички болна. Велат дека нејзиното семејство никогаш не доаѓало во посета.

Мајката и близначките ретко излегувале, но затоа често се слушале викотници од станот. Причината за смртта се истражува, но можно е Весна да ги отрула со таблети ќерките и себеси. Можно е исто така, Весна да паднала и починала, а близначките да починале од глад.

Исто така, како што наведуваат австриските медиуми, можно е сите три да починале од глад, затоа што во станот не биле пронајдени никакви траги од храна.

Телата на девојките биле пронајдени во соба, а мајката во ходникот од станот.

– Извршена е обдукција,. Како што сега стојат работите, првичните рзултати укажуваат на тоа дека смртта на трите женски лица настапила како резултат на тоа што неколку дена воопшто не консумирале храна, односно од состојба на глад“, изјавил портпаролот на полицијата во Виена, Патрик Мајерхофер.

Се претпоставува дека смртта настапила кон крајот на март или почетокот на април оваа година, а телата биле пронајдени откако загрижените пријатели на семејството ги алармирале пожарникарните служби и полицијата.

Соседите на мајката Весна М, тврделе дека станува збор за психички болна личност, а дека речиси никој не доаѓал да го посети семејството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.