Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 659 прекршоци!

Објавил: Владо Марин | 20 јуни, 2020 12:04

МВР во 24 часа: 659 казни за неносење маски, 4 лица не почитувале изолација и самоизолација

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во текот на изминатото деноноќие (19/20.06.2020 година) на територијата на Република Македонија на 366 лица им се издадени решенија за изолација, а 261 лице потпишало изјава за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за изолација, а три лица не ја почитувале мерката за самоизолација.

Исто така по однос на мерката за неносење лична  заштита на лице регистрирани се  659  прекршоци!

Жител на Кочани на возраст од 54 години и уште еден дваесет и двегодишен штипјанец вчера биле спроведени во објекти за државен карантин бидејќи не ги почитувале мерките, односно не седеле во домашна изолација во траење од 14 дена.

-Вчера од страна на полициски службеници од Полициската станица Кочани, поради непочитување на мерките на Владата за превенција и заштита од прогласената пандемија на корона вирус (здравствен надзор и домашна изолација во траење од 14 дена) извршен е спровод на С.А.(54) од Кочани и О.У.(22) од Штип до Скопје во објект за државен карантин, соопштуваат од МВР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...