Од МВР порачуваат дека активностите во борбата против тешки кривични дела со елементи на насилство ќе продолжат и во иднина, со поголем интензитет и зајакнати мерки.

Објавил: admin@magazin | 7 декември, 2019 17:02

МВР денеска апсеше во Арачиново и Грчец: Уапсени 12 лица, дел од нив поврзани со нападот на „Александар Палас“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во рамки на акцијата биле извршени претреси на 34 локации во Ѓорче Петров, Грчец, Ченто, Арачиново, Чаир, Бутел, Визбегово, Бардовци, Студеничани и Центар со цел обезбедување и пронаоѓање на докази за извршени кривични дела, пренесе Mакфакс.

При претресите биле пронајдени и одземени автомобили, пиштоли, пушки, рамки за муниција и муниција, куршуми од различен калибар, панцири, лаптопи, мемориски стикови, опрема за видео надзор, мобилни телефони со сим картички, пари во различни апоени, прашеста материја и др.

Уапсени се десет лица на возраст од 56 до 28 години, жители на селата Арачиново и Грчец. Станува збро за Ф.Л.(47) од Грчец, М.Љ.(38) од Грчец, Е.П.(43) од Арачиново, Б.А.(34) од Арачиново, Ш.М.(28) од Арачиново, Ш.М.(34) од Арачиново, Ќ.Љ.(28) од Грчец, Н.С.(56) од Грчец, И.С.(29) од Грчец и Ј.С.(30) од Грчец.

Исто така, при преземање на дополнителни мерки и активности, пред да започнуе акцијата, вчера во 21:20 часот на улицата „Јадранска Магистрала“ бил уапсен 27-годишник од село Крушопек, за кој било утврдено дека се бара по централна потерница за издржување на казна затвор.

Воедно, во текот на вечерта полицијата го пронашла и предала во притвор лицето С.И.(27) од Скопје, кај кого претходно, во неговиот дом на улица „Македонска преродба“ биле пронајдени 1,5 килограми марихуана.

МВР потврди дека дел од оваа банда се поврзани со нападот во „Александар Палас“.

„Со почеток во 5 часот, СВР Скопје во соработка со управата за сузбивање тежок криминал, спроведе координирана полициска акција кон можни членови на криминални групи. По судски наредби, извршени се претреси на 34 локации кај вкупно 32 лица.

При претресите пронајдени и одземени се патнички моторни возила, пиштоли, пушки, рамки за муниција, куршуми, панцирни елеци, преносни компјутери, мемориски стикови, опрема за видео надзор, мобилни телефони, пари во различни апоени, прашкаста материја, предмети со остатоци од прашкаста материја. Од слобода се лишени најпрво 10 лица. Во текот на вчерашниот ден се лишени од слобода уште две лица. Дел од оваа банда се поврзани со нападот во Александар Палас“, рече Сузана Прањиќ Талевска, началник на одделение за информации од јавен карактер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести