„Пандемијата може да се победи само на глобално ниво“, заклучи Меркел.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 април, 2020 11:01

МЕРКЕЛ ЗА КОРОНАВИРУСОТ: Не сме во финална фаза туку на самиот почеток!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Tanjug

Германија се уште е на почетокот на пандемијата на вирусот Ковид-19 и ќе мора да живее со него некое време, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.

“Ние не сме во завршна фаза на пандемијата, туку на почетокот. Придобивме на време и ќе го искористиме тоа за зајакнување на германскиот здравствен систем”, рече Меркел во долниот дом на Бундестагот, пренесува Ројтерс.

Таа исто така рече дека Светската здравствена организација е неопходен партнер на Германија и дека ќе ја поддржи работата на организацијата.

Меркел рече дека ситуацијата ќе биде многу тешка некое време и дека треба да се остане „паметен и внимателен“ за време на пандемијата.

Таа додаде дека се потребни строги мерки за зачувување на достоинството на сите и дека вакцината мора да биде достапна во сите земји во светот кога ќе се пронајде.

„Пандемијата може да се победи само на глобално ниво“, заклучи Меркел.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.