Меркел мисли дека со една изјава им стави крај на соновите за промена на границите и размена на територии меѓу Србија и Косово

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 август, 2018 6:35

Меркел: “Промена на границите во Западен Балкан не доаѓа предвид”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Канцеларката Ангела Меркел денеска изјави дека територијалниот интегритет на државите на Западен Балкан е “неприкосновен” со што како што е наведено на интернет страницата на германската влада таа ги отфрли сите настојувања границите подвлечени по војните на Балканот да се ревидираат.

Таа тоа го рекла по состанокот со претседавачот на Советот на министри на Федерацијата Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ.

“Тоа не можеме да го направиме!” – рекла канцеларката Меркел.

Таа ја потврди поддршката на Германија за европската перспектива на земјите на Западен Балкан.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.