Знаевме дека тоа може да не чини намалување на рејтингот

Објавил: admin@magazin | 24 април, 2019 8:46

Меџити: 50.000 гласови од ДУИ отидоа на контото на Пендаровски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Изет Меџити, потпретседател на ДУИ и шефот на изборниот штаб за поддршка на Стево Пендаровски на претседателските избори, во емисија на 1ТВ, вели дека ДУИ го поддржала Пендаровски со 50.000 гласови. Но, уверен е дека во вториот круг, албанскиот електорат помасовно ќе ја даде поддршката за Пендаровски, бидејќи секогаш, во првиот круг Албанците традиционално гласаат за албански кандидат.

 

Во првиот круг на претседателските избори, Пендаровски доби 323.846 гласови,  Силјановска Давкова 319.240, а Река 79.915 гласови. Неважечки беа 32.828 гласачки ливчиња.Поранешниот градоначалник на Чаир, поосчи дека всушност разликата меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова, ја направила ДУИ.

Ова е првпат, албанска политичка партија да се одлучи во прв круг да оди со заеднички македонски кандидат. Знаевме дека тоа може да не чини намалување на рејтингот. Но, кога оваа влада апсолвираше некои битни работи, како името, Законот за јазици, претседател на Собранието, ние возвративме со поддршка за заеднички кандидат. Гласовите на ДУИ се придонес за Пендаровски да биде победник во првиот круг. Според анализите, околу 50.000 гласови се на контото на Пендаровски. Албанците не се навиканти во првиот круг да гласаат за кандидат Македонец. Во вториот круг работите се многу јасни и поддршката на Пендаровски од албанскиот електорат ќе биде поголема“, рече Меџити.

Во однос на резултатот на третиот претседателски кандидат поддржан од албанската опозиција, Блерим Река, кој освои 30.000 повеќе гласови од гласовите со кои ДУИ го поддржаа Пендаровски, посочи дека сепак ДУИ е најголемата албанска политичка партија, а тоа ќе се види во вториот круг на претседателските избори.

Сепак, иако неуверливо, Меџити се обиде да го минимизира резултатот на Река, со тоа што посочи дека од 250.000 албански гласови, Река добил само 80.000. Воедно рече дека за Река гласале и Албанци од ДУИ, кои не го сфатиле концептоот на консензуалност во првиот круг.

На над 95 отсто од Албанците приоритет им е НАТО, а Пендаровски е најсоодветен за тоа Македонија да стане членка на НАТО. ДУИ силно ќе поддржи кандидатурата на Пендаровски, а и да поската опозицијата поддршка, Река и двете албански полиитчки партии не можат да ефектуираат гласови кај Силјановска. Тие гласачи ги немаат во џеб. Тие гласачи имаат свои размислување, а во вториот ккруг се совпаѓа желбата и интенцијата на ДУИ со желбата на грото Албанци“, истакна Меџити.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.