За жал тажна е сликата во Јагуновце, основното училиште Александар Здравковски.

Објавил: Весна Петровска | 22 јануари, 2020 12:13

МИЗЕРНИ УСЛОВИ, РУИНИРАНО УЧИЛИШТЕ КАКО ОД 5.ВЕК – Ова ли е правиот пат и ова ли е Европското образование на власта и Заев?

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Училиштата во поголемите градови ширум земјава се во одлична состојба, но во некои општини за жал е катастрофална како да не се живее во 21. век, туку како во 5.

За жал тажна е сликата во Јагуновце, основното училиште Александар Здравковски во Јагуновце.

Комисија за образование и наука на ВМРО- ДПМНЕ на својата Фејсбук страница објави фотографија, која како што велат, ја отсликува катастрофалната состојба и мизерните услови за учениците и наставниците во ООУ „Александар Здравковски“ во Јегуновце.

-Ова ли е правиот пат и ова ли е Европското образование на Власта и Зоран Заев?, прашуваат од Комисијата за образование и наука.

Граѓаните изреволтирани од ваквата состојба на училиштата, еве ги нивните ставови.

-Токму оваа фотографија е најдоброто сведоштво за неизбалансиран, безидеен концепт на практикување власт. Секој ден граѓаните се “травматизирани” од силните, јавни заложби на политичарите од власта за преговорите за влез во ЕУ, за реформи во ф-ја на хармонизација на домашното со европското законодавство, за процесот на ратификација на пристапот во НАТО од страна на земјите членки на НАТО. Но, токму суровоста на фотографскиот приказ на наједноставен начин укажува дека не е воопшто можно да биде успешна хармонизацијата со надворешниот свет, со игнорирање, заобиколување, ставање на страна на проблемите на граѓаните. Патот кон надвор, неизоставно води преку делниците од внатре, поточно вложувањата во развој на системските вредности и креирањето достоинствени можности за остварување на правата, потребите, интересите на граѓаните, стои коментар од револтиран граѓанин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести