Како што пишуваат медиумите, бизнисменот Милан Поповиќ поднесе нова тужба против пејачката Северина, овојпат за небрежност при грижата за нивниот син Александар.

Објавил: Весна Петровска | 3 јануари, 2020 17:19

Севе доби нова тужба: Милан се заканува дека засекогаш ќе го одземе старателството над Александар

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Хрватската пејачка Северина на нови маки, таа доби нова тужба од поранешниот сопруг Милан Поповиќ.

Како што пишуваат медиумите, бизнисменот Милан Поповиќ поднесе нова тужба против пејачката Северина, овојпат за небрежност при грижата за нивниот син Александар.

Неодамна во јавноста излезе информација дека Северина му дозволила на сопругот Игор Којиќ без да го извести судот, да патува со Александар во Грција, во посета на манастирот на Света Гора. За тоа време, пејачката била во Солун.

Северина има дозвола да патува со синот надвор од Хрватска, но Игор нема право да се движи само со Александар ниту во Хрватска, а уште помалку надвор од државата.

Поповиќ повеќе од еден месец го има старателството над синот, а оваа тужба повторно оди во негова корист, за тој да го добие засекогаш, а не само со привремена мерка, како што е засега.

Пејачката Новата година ја честиташе со фотографија од нејзиниот сопруг и син Александар и напиша емотивна порака во која напиша дека луѓето мора да ти нанесат болка за да сфатиш што е живот, под оваа фотографија имаше многу комнетари од нејзините фанови кои честитаа успешна година исполнета со многу здравје, љубов и среќа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.