Неофицијално поранешниот министер се пожалил на болки во стомакот, гадење и лошење и затоа затворската полиција од затворот Шутка го однесла на прегледи, пишува алсат.

Објавил: admin@magazin | 9 јули, 2019 21:22

МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ИТНО ПРЕНЕСЕН ВО БОЛНИЦАТА 8 – МИ СЕПТЕМВРИ!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Миле Јанакиески итно е однесен на преглед во болницата 8 – ми Септември.

Поранешниот министер за Транспорт и врски Миле Јанакиески, веќе деветти ден штрајкува со глад во истражното одделение во „Шутка“ каде што се наоѓа во притвор.

Неофицијално поранешниот министер се пожалил на болки во стомакот, гадење и лошење и затоа затворската полиција од затворот Шутка го однесла на прегледи, пишува алсат.

-Јанакиески е многу физички пропаднат, има изгубено боја на лицето и многу тешко комуницира, сведочи за „Лидер“, лице кое го видело. Јанакиески.

На 20 февруари 2019 година бил уапсен под обвинение дека бил еден од организаторите за Упадот во Собранието на Македонија од 27 април 2017 година, по кое бил пуштен во куќен притвор. На 2 јуни 2019 година бил повторно уапсен под обвинение – продажба на државно земјиште, по несоодветна постапка, со што буџетот бил оштетен за над 2,5 милиони евра.

Како што пишува порталот, од истражното оделение „Шутка“ одбиваат да го коментираат штрајкот на Јанакиески и не даваат информации за неговата физичка состојба.

Пред два дена сопругата на Миле, Сања се огласи на Фејсбук каде напиша емотивен статус.
Таа кажа дека против него се води психолошка војна.

Денеска Јанакиески беше спроведен на судењето за случајот “Талир”. Тој е во притвор поради продажбата на државно земјиште на фирми кои потоа не ги изградиле предвидените хотели. 

Бил претседател на асоцијацијата за водовод, канализација и пречистување на урбани отпадни води. Јанакиески бил шеф на кабинет на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од октомври 2004 до август 2005 година, а потоа бил и член на централниот комитет на партијата.

На 13 мај 2015 година поднел неотповиклива оставка од функцијата министер за транспорт.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести