Поранешниот министер за надворешни работи со јавно прашање до актуелниот

Објавил: Узунов Бобан | 7 јуни, 2019 16:04

Милошоски до Димитров и Османи: На колку средби од вашата посета на Париз присуствуваше советникот на Заев кој зема поголема плата од вашата ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Поранешниот министер за надворешни работи Антонијо Милошоски преку својот твитер налог постави јавно прашање до актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во врска со тоа што сработил советникот на премиерот Заев, Љупчо Зафировски кој зема плата поголема од министерската ?

Милошоски преку твитер јавно го праша министерот за надворешни работи на колку средби присуствувал советникот на Заев, Љупчо Зафировски и со колку дипломати од кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон им овозможил истиот?

На последната седница на пратенички прашања, пратеникот Антонијо Милошоски упати прашање до премиерот Заев за тоа што работи Љупчо Зафировски кој како негов советник зема плата од 1200 евра која е поголема од министерската.  


Дали Министерот Никола Димитров и вицепремиерот Османи ќе го прифатат предизвикот на пратеникот Милошоски и ќе одговорат на прашањето ?


Зафировски има има врски во дипломатскиот дел до кабинетот на Макрон и со Владата во Франција, која има малку информации за она што се случува тука. Некогаш се потребни повеќе информации за да го привлечеме кабинетот на претседателот Макрон на наша страна. Знаете дека Франција, Холандија и Данска имаа резерва за проширувањето на ЕУ. Зафировски е приватен стопанственик и неговиот хонорар е поголем затоа што поголем дел поминува во Франција, трошоците таму се поголеми и законот го дозволува тоа. Затоа е таа сума од 75.000 денари – рече премиерот Заев, одговарајќи на пратеничкото прашање поставено од Антонијо Милошоски.

Милошоски на истата седница му возврати на Заев дека ангажманите на Александар Ружин (син на Нано Ружин), на непознатиот советник Љупчо Зафировски, на Мерсел Биљали (советник за меѓуетнички односи со 40.000 денари хонорар) и на Исмет Рамадани (советник за НАТО со 40.000 ден. хонорар) претставува поткуп на јавното мислење со државни пари, бидејќи овие советници или нивните блиски најмногу од се што прават е гостување по телевизии во кои се претставуваат како експерти и го фалат Заев дека е најдобар, најуспешен и највреден премиер и политичар. “Овие луѓе господине Заев се ваши платени фалбаџии, и тоа платени со државни пари“, реплицираше Милошоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести