По распишувањето на Референдумот време е за јасни политички ставови

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 јули, 2018 8:29

Милошоски прв со јасен став #Бојкотирам

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За разлика од претседателот Христијан Мицкоски кој досега нема експлицитно покажано дека има намера да повика на бојкот на Референдумот иако повтори дека ако не се постигне договор за формата на истиот и текстот на прашањето и таа опција е во игра – партиски членови веќе со јасен став.

Пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија – Антонијо Милошоски – по вчерашното распишување на Референдумот за 30-ти септември – се приклучи на движењето на социјалните мрежи #Бојкотирам.

Милошоски на социјалните мрежи ја објави следната порака:

Референдумското прашање кое е
–  спротивно на Законот [ задолжителен – наместо консултативен ] и
– спротивно на Законот [ еднозначно – наместо трозначно манипулативно прашање ] и
– спротивно на Уставот потврден од народот 1991 и Бадинтер [ ЕУ ] 1992г.
Не заслужува одговор! 

#Бојкотирам

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...