Согласно одлуките на Владата, викендов на територијата на целата држава се спроведе ограничувањето на движењето кое заврши денес во 05 часот.

Објавил: Перо Милчин | 13 април, 2020 16:16

Министерот Наќе Чулев им се заблагодари на граѓаните за почитувањето на полицискиот час!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на социјалните мрежи им се заблагодари на граѓаните кои ја почитувале забраната за движење за време на продолжениот полициски час кој почна во петокот во 16 часот и заврши утрово во 5 часот.

Согласно одлуките на Владата, викендов на територијата на целата држава се спроведе ограничувањето на движењето кое заврши денес во 05 часот.

Во таа насока уште еднаш упатувам благодарност до оние граѓани кои се свесни за предизвикот со кој се соочуваме сите и ги почитуваат одлуките на Владата за забрана на движењето и препораките за социјално дистанцирање, вели Чулев.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР, по однос на забраната за движење евидентирано е дека:

. На ниво на целата држава 172 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 134 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Најголемиот дел од нив се на подрачјето на СВР Скопје и се лица на возраст од 18 до 67 години.

. Според статистичките податоци 253 лица потпишале изјави за самоизолација.

. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...