"Владата на Заев мора да биде победена на претседателските избори, а подоцна на предвремени или редовни парламентарни избори" изјави актуелниот лидер на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 јануари, 2019 6:03

Мицкоски : “ВМРО-ДПМНЕ ќе ја победи СДСМ со гласови на претседателските избори”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашното обраќање од пред Собранието на Македонија изјави дека Владата на Заев мора да биде победена, прво на претседателските избори, а подоцна на предвремени или редовни парламентарни избори.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера повторно се обрати на македонската јавност, од пред собранието на Република Македонија.

„Резултатот од работата на Влада на Заев е големо ништо. Имаме работа со аматери. Нема ден да нема афера, нема недела без убиство, пљачка или нерасветлен инцидент. Народот живее во страв и сиромаштија граѓаните плаќаат големи даноци. Земјоделието е уништено, сироманите се најбројни, нема нови патишта. Продожија да не задолжуваат, трошоците за живот се зголемија. Оваа Влада мора да ја победиме прво на претседателските избори, а потоа и на предвремени или редовни парламентарни избори“, кажа Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести