Жестоко критики од лидерот на опозицијата

Објавил: Узунов Бобан | 13 март, 2019 7:24

Мицкоски: Во Македонија мафијата си има своја држава

Фото/Текст извор: ©магазин

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера оствари средби со граѓаните во населените места Слога, Ваташа и Сопот од каде порача дека со оваа власт немало иднина. 

Мицкоски потенцираше за разлика од власта тој смета дека нашата иднина е тука во Македонија, и токму поради тоа мораме да се избориме и да ја градиме својата иднина. Наместо порака да ја напуштаат земјата, од мене ќе видите борба за зачувување на секој еден човек во нашата земја, бидејќи каменот највеќе тежи овде, на своето место, на својата грутка, вели Мицкоски.

-Ја упропастија економијата, правда и правна држава нема, ама има мафија која ги контролира сите пори на општеството, до сите најситни делови од власта. Во Македонија мафијата си има своја држава, а тоа е она што го гуши напредокот. Со оваа власт нема иднина, и колку и пати да се удираат во гради дека сме оделе напред, реалниот живот кажува дека одиме само назад. Единствено каде што одиме напред е во корупцијата и криминалот. Заевизмот не се само гафовите на првиот човек на владата, туку пред се тешкото и мачно време, менталната матрица која како сидро не турка на дното. Време е да се спротивставиме на сето ова, клучот е во народот, во секој еден човек на нашата земја, и кога неправдата станува секојдневие, спротивставувањето е наша обврска. Победата е во секој еден од нас. Време е за промени кои ќе донесат ново време и нов почетокот за Македонија!, порача Мицкоски. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести