Партијата ВМРО ДПМНЕ денеска слави 29 години од своето постоење.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 јуни, 2019 21:08

Мицкоски грмеше пред присутните: „Заев е на колена, паднат е во сопственото блато„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во Македонската филхармонија претседателот на партијата Христијан Мицкоски пред присутните членови на партијата и гости рече дека ова е битка во кој влегол свесно, во која влегол со целото срце, знаење и чест. Битката за Македонија.

Лидерот на партијата Христијан Мицкоски на вечерашната свеченост рече дека Заев е на колена и во сопственото блато, а ВМРО-ДПМНЕ по изборите кога и да се случат ќе формира влада со која Македонија ќе оди вистински напред. Мицкоски рече дека е свесен во каква битка влегол, но вети дека нема да се откаже.

И денес имаме подадена рака кон сите, кон секој еден човек, кон секој кој поседува потенцијал, мотив и верува дека можеме да донесеме промена и да успееме, рече Мицкоски.

Заев е на колена и во сопственото блато, а ВМРО-ДПМНЕ по изборите кога и да се случат ќе формира влада со која Македонија ќе оди вистински напред. И немојте да мислите дека заборавам од каде почнавме, но и низ сè што поминавме овие две години. И оние кои веруваа од почетокот, но и оние кои не веруваа, а поверуваа дека можеме, на оние кои сè уште не веруваат, а знам дека ќе поверуваат, ви велам СДСМ и Заев се тргнати по удолницата од која нема враќање, а ВМРО-ДПМНЕ секој ден станува сè посилна, сè поорганизирана и свесна дека нè чека многу работа за да успее Македонија. А победата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победа на Македонија! И ова ви го ветувам, рече Мицкоски.

Заев е на колена и во сопственото блато, а ВМРО-ДПМНЕ по изборите кога и да се случат ќе формира влада со која Македонија ќе оди вистински напред. И немојте да мислите дека заборавам од каде почнавме, но и низ сè што поминавме овие две години.

Ова е битка во кој влегов свесно, во која влегов со целото мое срце, знаење и чест. И во која ја вложувам мојата душа и себеси. И нема да отстапам, нема да отстапам поради мојот карактер, поради иднината на нашите деца, поради секој солза која пушта обичниот човек поради неправдите и сиромаштијата, поради одземената иднина, поради мајките кои плачат за своите деца кои си одат од земјава, поради сите наши луѓе кои чесно и даваат на оваа земја без да побараат повеќе од тоа што вложуваат. Македонија ќе успее, затоа што нема простор повеќе за неуспеси.

Не успеаја да го скршат духот на Македонецот, а се обидоа. Но, народот не може да се измами. И таман мислеа дека им помина, дека таа колективна психоза на разубавениот свет на Владата и вештачката среќа која треба да ја задуши тешката и болна реалност и вистинската несреќа, она психолошко населиле врз колективниот ум кој го применува оваа власт, ќе се распрсне како меур од сапуница, кога од 50 илјади грла од плоштадот „Македонија“ бодрејќи го шампионот Вардар ќе ве соочат со неуспехот на власта и тие изнасилени и вештачки политики, порачувајќи и пеејќи „Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.